Претходно полицијата го барала во неговиот дом, но не го нашла, а според адвокатот Насер Рауфи, тој во тој момент бил во џамија. Исмаиловиќ денеска незабележан го напушти Кривичниот суд откако беше побаран притворот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 ноември, 2020 16:45

Фатен Агим Исмаиловиќ, обвинетиот за Монструм

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Агим  Исмаиловиќ кој се бараше за случајот „Монструм“ за кого денеска обвинителството побара притвор, е пронајден во неговиот дом. Според информации на тв 24, во моментов е спроведен во истражниот затвор Шутка.

Претходно полицијата го барала во неговиот дом, но не го нашла, а според адвокатот Насер Рауфи, тој во тој момент бил во џамија. Исмаиловиќ денеска незабележан го напушти Кривичниот суд откако беше побаран притворот.

Судијата Огнен Ставрев им порача на обвинетите Азири Исмаиловиќ да почекаат додека се донесе одлука за притворот, но не ги задржа, туку им рече „На ваша добра волја“, останете 20 минути.

Еден час по ова, во судот констатирале дека обвинетиот повеќе не е во зградата и дека најверојатно побегнал и во потрагата се вклучила и полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести