Фетаи очекува законот за обвинителството да се донесе во пет до дванаесет, можеби на 14ти септември оваа година, ден пред истекот на мандатот на СЈО

Објавил: Данаил Михајловски | 18 јуни, 2019 10:12

Фатиме Фетаи: Лично не сакам да ја сменат Катица Јанева!

Фото/Текст извор: ©магазин

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вчерашното гостување на 1ТВ во интервјуто кај Сашо Ордановски зборуваше за падот на довербата во СЈО, како и за политичките препирки меѓу власта и опозицијата дали госпоѓата Катица Јанева треба да остане на чело на СЈО или треба да се повлече од таа позиција. Премиерот Зоран Заев пред неколку месеци изјави дека нема да се откаже од Катица Јанева, додека Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати кажаа дека за нив обвинителката Јанева нема капацитет да биде на чело на СЈО, доколку истото стане составен дел од Државното обвинителство. Еве што кажа обвинителката Фетаи на прашањето што доколку Катица Јанева ја сменат од СЈО:

Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција.“

Обвинителката Фетаи истакна дека сите закони зависат од политичарите, но дека таа очекува законот за обвинителството да се донесе во пет до дванаесет, можеби на 14-ти септември оваа година, ден пред истекот на мандатот на СЈО. Кажа дека таа лично нема никакви кариерни планови, барем не додека не го заврши случајот “Монструм“ врз кој СЈО превзеде надлежност, а се однесува на бруталната егзекуција на петте момчиња кај Смилковското езеро за Велики четврток. Фетаи смета дека СЈО имало нагло растење на довербата и па дури и глорифицирање на трите обвинителки, уште по првата прес конференција кога се формираше обвинителството. Потоа имале пад на довербата која се должела на разни субјективни и објективни околности, но цени дека сега како обвинителство се предмет едно разочарувачко чаршиско муабетење „и овие не ги бива“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...