Реверзијата значи погрешна насока и проблеми“, објасни тој.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 октомври, 2020 8:54

Фаучи: Трамп е добро, но постои можност за влошување на состојбата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доналд Трамп е многу подобро тврди директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи.

Иако за сега е се чувствува добро, Фаучи смета дека состојбата на претседателот Доналд Трамп, кому му беше дијагностициран коронавирус, се уште може да се влоши, пренесува Тасс.

-Проблемот е во тоа што болеста е се уште во рана фаза. Не е тајна дека има случаи во клиничката историја кога луѓето повторно се разболуваат (реверзија) по пет до девет дена, предупреди Фаучи синоќа за Си-Ен-Ен.

„Реверзијата значи погрешна насока и проблеми“, објасни тој.

-Ова веројатно нема да се случи, но лекарите на претседателот треба да бидат будни, препорача Фаучи.

Американскиот претседател  се врати во Белата куќа од медицинскиот центар „Валтер Рид“, а според Фаучи изгледа многу добро.Тој посочи дека најверојатно  на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.