Анализата на Министерстото за здравство покажува дека постарите од 65 години имаат двојно поголем ризик да починат од Ковид, а кај мажите ризикот за смрт е за 28 проценти повеќе од жените.

Објавил: Перо Милчин | 3 декември, 2021 6:17

Фајзер најефикасен против смртен исход, Синовак против хоспитализација

Фото/Текст извор: ©магазин/сител

Синовак најмногу спречува смрт, а Фајзер хоспитализација, покажува првичната сеопфатна анализа на министерството за здравство.

Но, со овие вакцини се имунизирани и најголем дел од работоспособното население и речиси 70 проценти од сите вакцинирани.

Најмала е смртноста кај вакцинираните со кинеската Синовак, а најголем дел од починатите примиле Синофарм, но и оваа вакцина има ефикасност 91 процент во спречување смртен исход. Високи 94 и 95 проценти ефективност во спречувањето на смрт имаат Фајзер, Спутник и Астра Зенека.

Според објавените податоци најмалку од хопитализираните примиле Фајзер, голема е ефикасноста 94 на Астра Зенека и 92 отсто на Синовак,  а пониска ефикасност од околу 80 проценти во спречување на болничко лекување имааат Спутник и Синофарм.

Во истражувањето кое го направија Д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд – Институтот Каролинска во Шведска и Жаклина Чагороска од „Мој Термин“ користени се податоци од Нова Година до октомври. Во тој период поради компликации од Ковид починале 3947 граѓани, 179 од нив биле комплетно вакцинирани.  Од хоспитализираните 16.700 пациенти, 1.114 примиле две дози. 

Во податоците се влезени и македонски дравјани кои се имунизирани во странство, а се пријавени и во „Мој термин“ преку регистрација на некој од пунктовите во земјава.

Кај нас вакцинацијата започна на 17 февруари, а од периодот од 15 јануари до тогаш се влезени и околу 190 македонски државјани кои се вакцинирале во странство, изјави Жаклина Чагоровска, од Мој Термин.

Анализата на Министерстото за здравство покажува дека постарите од 65 години имаат двојно поголем ризик да починат од Ковид, а кај мажите ризикот за смрт е за 28 проценти повеќе од жените.

Исто така се укажува дека само една доза вакцина против Ковид е недоволна за да спречи тешки исходи од болеста, односно ефикасноста во спречување смрт е само 39 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...