Фајон е долгогодишна пратеничка во Европскиот парламент од Словенија и истакна дека ЕУ направи грешка што не отпочна преговори со Албанија и Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 ноември, 2019 18:44

Фајон: Франција ја зеде цела ЕУ за свој заложник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за Радио Сараево, претседателка на Комисијата на Европскиот парламент за стабилизација и придружување на Србија кон ЕУ, Тања Фајон истакна дека Франција ја зеде цела Европска унија за свој заложник.

Тања Фајон, долгогодишна пратеничка во Европскиот парламент од Словенија и претседателка на Комисијата на Европскиот парламент за стабилизација и придружување на Србија кон ЕУ.

Фајон е долгогодишна пратеничка во Европскиот парламент од Словенија и истакна дека ЕУ направи грешка што не отпочна преговори со Албанија и Македонија.

– Франција ја држи цела ЕУ за свој заложник, рече таа, дополнувајќи дека сега на тест е посветеноста на ЕУ кон европската интеграција на Западен Балкан. Таа потенцираше дека европската интеграција на Западен Балкан била и останува стратешка политика во заеднички интерес.

На прашањето дали со таа одлука се отвора простор за влијание од земји како Русија, Кина и Турција, Фајон одговори позитивно.

– Сега сме во ситуација кога се уште ја чекаме новата Европска комисија. Ние, секако, бевме многу јасни дека одговорноста за неносење позитивна одлука не е во земјите кои со право се надеваат на позитивен резултат. Тие го исполнија она што го ветија. Унијата е таа која не го оствари ветеното поради внатрешни прашања. Тоа наштетува на кредибилитетот на Унијата, и не само на Западен Балкан, туку и пошироко, категорична е Фајон.

Фајон вели дека Загреб ќе преземе голема одговорност, со оглед на тоа дека по првпат ќе биде на чело на ЕУ.

– Јас очекувам дека ќе ја преземе таа одговорност – одговорно и оти ќе биде пријател на сите земји од регионот, а посебно на БиХ. Хрватска има големо искуство и може да помогне на таа земја (БиХ) на европскиот пат. Тоа е сè што очекувам, рече Фајон, дополнувајќи дека нејзините очекувања ги споделуваат многумина во Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.