Казната може да се искачи на 1.500 УСД за повеќекратни прекршувања, пренесува Си-Ен-Ен.

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 февруари, 2021 17:10

ФЕДЕРАЛНА МЕРКА ЗА ПРЕВОЗ ВО САД: Кој не носи маска плаќа 250 УСД, а доколку одбие, казната и понатаму е до 1.500 УСД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оние кои ја прекршуваат федералната мерка за задолжително носење заштитна маска за лице во Соединетите држави се соочуваат со парична казна од 250 американски долари, соопшти денеска Управата за безбедност во сообраќајот (ТСА)!

Казната може да се искачи на 1.500 УСД за повеќекратни прекршувања, пренесува Си-Ен-Ен.

„Врз основа на значителни отежнувачки или олеснителни фактори, TSA може да побара износ на казна што е надвор од тие опсези“, соопштија од агенцијата!

Американските авиокомпании изјавија дека презеле иницијатива за забрана за патници што не се во согласност со мерките, а Федералната управа за авијација соопшти дека ќе спроведе мерки против сите патници кои го попречуваат летот или напаѓаат членови на екипажот за упатствата да носат маска!

Маските се задолжителни во транспортните центри како што се железничките станици и аеродромите, како и на многу мрежи на комерцијални и јавни превози, како што се возови, автобуси и авиони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.