Најреномираниот фестивал во Македонија „Бук стар“ и е-магазин со долгогодишна традиција и престиж „Репер“ пред укинување поради незаинтересираност Министерство за култура да ги поддржи.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 18 февруари, 2020 13:46

Фестивалот на европската книжевност „Бук стар“ и „Репер“ пред згаснување поради одлуката на Министерство за Култура

Фото/Текст извор: ©магазин

Жарко Кујунџиски е познат македонски прозаист, драмски писател, уредник на е-магазин, преведувач и колумнист. Уредник е на едно од најпрестижните културни е-магазини „Репер“ во кој се промовирани многу млади и талентирани македонски автори и се развива мрежа на контакти помеѓу креативни умови. Жарко Кујунџиски е и организатор на „Бук Стар Фестивал“ односно фестивал на европската книжевност во Македонија. Поради фестивалот на европската книжевност во Македонија многу реномирани имиња од Европа биле дел од македонската книжевно-културна сцена, што секако е огромен успех за македонската култура и интеркултурниот дијалог.

Ова година Министерството за Култура со срамна одлука да не ги подржи најреномираните изданија и настани од областа на културата

Годинава Министерството за култура одвоило скромна поддршка за издаваштвото на „Антолог“, но и за електронското издаваштво на е-магазинот „Репер“. Жарко Кујунџиски кој е главен и одговорен уредник на изданијата на „Антолог“ и на е-магазинот „Репер“ се обрати на својот личен фејсбук профил со порака во која се крие длабоко разочарување од одлуката на Министерство за Култура. Со оглед на неговата макотрпна работа во развивање и унапредување на книжевната сцена во Македонија ова разочарување е оправдано. Покрај него, секако и културните работници, но и македонскиот народ воопшто има право да биде разочаран. Фестивалот на европската книжевност е едно од најубавите случувања за македонската култура и е празник за сите кои ја согледуваат важноста на културната димензија за едно општество.  

Во продолжение фрегменти од обраќањето на Кујунџиски на неговиот личен фејсбук профил:

„Знаете дека јас никогаш не се бавам со политика на дневно ниво, но стварноста ме приморува да констатирам: „европскиот фестивал“ и списанието за „критичка мисла“ згаснуваат во период на „европски ориентирана“ влада која се бори за „слободата на говорот“. Од АПСУРД до АПСУРД, од ЛИЦЕМЕРИЕ до ЛИЦЕМЕРИЕ!

 

Само за потсетување, на „BookStar“ досега гостуваа имиња кои се речиси незамисливи и на кои би ни позавидел секој книжевен фестивал во светот: Јуси Адлер-Олсен (Данска), Евгениј Водолазкин (Русија), Кадер Абдолах (Нидерланд/Холандија), Михал Вивег (Чешка), Марко Шелиќ-Марчело (Србија), Изабел Вери (Белгија), Хокан Несер (Шведска), Захари Карабашлиев (Бугарија), Агата Тушињска (Полска), Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), Есмахан Ајкол (Турција/Германија), Офејгур Сигурдсон (Исланд) Дојна Рушти (Романија), Моналди и Сорти (Италија/Австрија), Џамал Уаријачи (Холандија), Михал Ајваз (Чешка), Халдора Тородсен (Исланд), Маренте де Мор (Холандија), Слободан Шнајдер (Хрватска).

 

Иако поддршката што сме ја добивале во минатото од Министерството за култура била симболична, 20 или 30% од севкупниот буџет, кој буквално секогаш сме го крпеле и дополнувале и со сопствени средства, ваквиот игнорантски однос од МК нЕ фрла во тотална резигнација и ја убива последната ронка надеж дека има зрак светлина на крајот од тунелот.

 

Убивањето на БУКСТАР многу повеќе зборува за нашиот ментален склоп отколку за квалитетите на самиот БУКСТАР/АНТОЛОГ. Неговото несместување во „проект со национална важност“ укажува на кое дереџе сме. Наместо отворање кон ЕУ и кон светски стандарди на работа, во програмата на МК може да се види поддршка на приватни, локални или, во најдобар случај, регионални иницијативи, поддршка која непропорционално и без критериуми се движи како обезглавена змија од симболична до баснословна.“

 

 

Ова беше дел од обраќањето на Кујунџиски на неговиот фејсбук профил по што доби низа реакции од јавноста. Покрај Кујунџиски на својот фејсбук профил се огласија и други културни дејци од Македонија со реакција поради нејасната одлука на Министерството за Култура да не ги финансира нивните значајни и реномирани проекти.

 

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

-Преземањето на содржините од личниот профил на Жарко Кујунџиски е направено со писмена дозвола од авторот и корисник на профилот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...