Симеон Атанасов изјави дека ова само е доказ колку странците ја почитуваа Есма Реџепова.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2019 11:45

Фестивал во Швајцарија ќе го добие името на Есма Реџепова

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Меѓународниот фестивал во Швајцарија, кој сега го носи името „Џипси – фестивал“, од сега па натаму ќе  го носи името на кралицата на ромската музика Есма Реџепова.

Инаку овој фестивал се одржува секоја година во Цирих, Швајцарија, а годинава по  13. пат претставник на нашата земја беше бендот „Есмас бенд“, чиј вокален солист сега е Елеонора Мустафова, единствено девојче што го одгледа големата хуманитарка, заедно со 46 машки деца.

Инаку бендот бележи многу успеси и во моментов се подготвува за турнеја низ Европа, во организација на овој фестивал, на кој ќе настапат заедно со ромски музичари од Шпанија, Индија, Бугарија и од Швајцарија.

Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, која израснала во мала куќичка во центарот на Скопје.

Во интервју за Фокус Симеон Атанасов, кој е едно од децата кои ги одгледа легендарната Есма Реџепова, и кој до крајот на нејзиниот живот и беше менаџер, изјави дека ова само е доказ колку странците ја почитуваа Есма Реџепова.

Симеон заедно со ,,Есмас бенд” настапи на фестивалот во Цирих, и изјави дека по кој знае кој пат, повторно се докажало дека кралицата на Ромската песна, Есма, е многу повеќе ценета и почитувана надвор од нашата земја. 

-На 13 – от Џипси Фестивал кој се одржа во Цирих, настапи и ,,Есмас бенд”. Традицијата продолжува. На манифестацијата каде Есма беше честа гостинка, сега продолжуваме со учество ние, нејзините музички наследници. Нашиот пријател Кристијан Фоцх не покани да настапиме со неколку песни и така да ги потсетиме сите обожаватели на музиката на нашата Мајка Есма. Публиката беше воодушевена, не пречекаа и испратија со овации. Очигледно е дека песните на Есма оставија траг кој не може да се избрише, таа живее во срцата на нејзините почитувачи низ целиот свет – раскажува Симеон за ,,Фокус”.

Инаку Есма Реџепова почина на Скопје, 11 декември 2016 а беше една од најпознатите македонска пејачка и хуманитарка. Таа го носеше епитетот Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести