Фетаи истакна дека според неа најдобро би било обвинителите за организиран криминал да ги избира канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 20:42

Фетаи: Во постапката за избор на шеф и обвинители да биде вклуена и ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната расправа за законот за Јавно обвинителство, обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара  ЕУ да формира обвинителски протекторат во Македонија. 

ФОТО: социјална мрежа Фејсбук

Сакам да истакнам и за постапката за избор на шеф и на членови. Бидејќи сакаме силно обвинителство со финансиска независност, критериумите за избор на шеф и обвинители во обвинителството треба да бидат построги. Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република С. Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати, изјави Фетаи во Собрание.

Фетаи истакна дека според неа најдобро би било обвинителите за организиран криминал да ги избира канцеларијата на ЕУ во Скопје.

За потсетување денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа Љубомир Јовески со транспарент.

-Г-н Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (член 60, закон за ЈО).

Од опозициската партија и забележуваат на власта дека со законот сака повторно да го воскресне СЈО и да ги заштити криминалците од своите редови. Тврдат дека се залагаат за закон кој ќе биде неселективен и пред кој ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното.

На јавната расправа присуствуваат пратеници од сите пратенички групи, министерката за правда Рената Дескоска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинители и професори од Правниот факултет и меѓународни претставници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.