Ваквата информација за „Фокус“ ја потврдија извори од обвинителството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 16:03

Фетаи и Бубевски и понатаму ќе бидат надлежни за „Монструм“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото фокус

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска донесе одлука обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и понатаму да го застапуваат обвинението за случајот „Монструм“.

Ваквата информација за „Фокус“ ја потврдија извори од обвинителството.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На овој датум и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Ваквата одлука беше и очекувана поради тоа што станува збор за специфичен случај, со голем број на „бомби“, кои веќе ги преслушале обвинителите, а има и загрозен сведок. Одлуката на Јовески ќе официјализира утре, кога во Кривичниот суд е закажано рочиште.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година, кај Смиљковското Езеро, кога беа убиени четири момчиња и рибар. 

Убиството се случи кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.