Јавната обвинителка Фетаи со лаички интерпретации на законите, поради 15 минутно доцнење на рочиште, побара мерка притвор за Никола Груевски кој има пратенички имунитет

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 11:23

Фетаи не знае што е пратенички имунитет, па побара да го приведат Груевски

Фото/Текст извор: ©макфах.ком.мк

Во Кривичниот суд Скопје денес продолжи рочиштето за случајот “Насилство во Центар” при што обвинителката Фетаи манифестираше елементарно непознавање на Законот за пратеницте.

Имено судот денеска, по барање на обвинителтите донесе решение да ја издвои постапката за Пецов и да продолжи со сведочење на поранешниот претседател на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ и актуелниот градоначалник на општината Саша Богдановиќ.

Судијата Душан Јосифов  рече дека за Пецов е доставена медицинска документација во која било наведено дека има повреда на десеттиот пршлен и има мислење од специјалист да мирува и избегнува движење, како и да се јави на контрола по еден месец.

Според адвокатот Димитар Дангов, барањето за издвојување на постапката е неосновано и побара одложување до 29 октомври, кое судечкиот совет не го прифати и донесе одлука да се продолжи со рочиштето.

Обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на судењето покрај барањето за Пецев, побара судечкиот совет да ја издвои постапката и за Никола Груевски. Поради неговото доцнење на денешното рочиште Фетаи побара Груевски да биде приведен.

По излагањето на неговиот адвокат Дангов, со задоцнување од 15 минути обвинетиот Груевски влезе во судницата. 

Во врска со барањето на Обвинителката Фетаи кратка едукација од Законот за пратениците:

Член 16

Пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела.

И секако она што треба да го знае:

Член 17

Пратеникот ужива имунитет за времетраењето на мандатот.

Пратеникот не може да биде притворен без дозвола на Собранието, освен ако бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Постапката во врска со применувањето на имунитетот поблиску се определува со Деловникот на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести