Обвинителката Фетаи лута што Груевски не дошол на судење, му посочи на адвокатот Дангов да оди во Унгарија да го советува за азил и побара и за овој случај притвор за него

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 13:47

Фетаи со нов испад, овој пат кон адвокатот на Груевски, бара притвор за Никола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бидејќи веќе неколку дена е во бегство, во Унгарија, поранешниот премиерот Никола Груевски не се појави на денешното рочиште за “Насилството во Центар”.

Од затворот “Скопје”, пак со затворска полиција, беше спроведен поранешниот министер Миле Јанакиески.

На денешното рочиште обвинителката Фатиме Фетаи побара на Груевски да му се суди во отсуство, бидејќи рече дека не може да се предвиди кога обвинетиот ќе биде достапен.

Адвокатот Димитар Дангов пак од судот побара постапката за Груевски да се раздвои.

Како што рече Дангов, позната била адресата на која се наоѓал Груевски, па затоа тој не бил бегалец, туку го искористил правото да побара азил. Обвинителката Фатиме реагираше дека Дангов зборува за друга околност, за азил, па му препорача на Дангов да замине во Унгарија и таму на Груевски да му дава правни совети за азил.

Потоа обвинителката Фатиме од судот побара на Груевски да му определи и притвор. Таа потсети дека во текот на вчерашниот ден на Груевски му бил одреден притвор за случајот “ТНТ”, но истакна и дека секој предмет бил засебен.

Судот донесе одлука на Груевски да му се суди во отсуство, а за мерката притвор ќе одлучат откако од Собрнието ќе добијат известување дека за пратеник се бара притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести