Во македонскиот јавен етер е присутна култура на војување.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 1 февруари, 2020 11:28

Фејсбук воини – Како ќе војувате ако не знаете да држите оружје?

Фото/Текст извор: ©магазин

Во македонскиот јавен етер е присутна култура на војување. Социјалните мрежи, телевизиите, политичките програми, веб сајтовите се полни со иницирачки, провоцирачки или експлицитни изјави поврзани со војување. Ако ги читате фејсбук коментарите на масовни и популарни групи за политички постови, ќе сфатите дека луѓето буквално како да се жедни за крв. Во дискурсот на обичниот човек, па и на јавниот чинител, можете да видите коментари кои повикуваат на насилство, јавен линч, па дури и убиство.

Во целата констелација од односи, проблематични се две работи. Првата е потеклото на мотивот и потребата на луѓето да користат таков јазик, а второ не реализирачки зафат кој се преведува жаргонски како „пукање во празно“. Разбирливо е дека политичката состојба во Македонија е загрижувачка, луѓето се справуваат со сиромаштија, предрасуди, етикетизација, неправди. Но дали тоа може да го оправда директното повикување на убиство на некој? Културата на војување, која се карактеризира со насилство, повреда, дискриминација и потчинување заради победа не носи општа благосостојба. Таа може само да биде фатален резултат од две конфликтни страни, после кој ќе се случат драстични промени, но никој од учесниците во конфликтот ниту има стратегија, ниту цел, ниту визија за тоа какви ќе бидат последиците.

Културата на војување е деструктивна, но се подразбира дека воините се одликуваат со храброст

Згора на тоа воините во секое време знаат, за кој војуваат, каде војуваат и на кој начин. Нашите „фејсбук воини“ се сосема поинакви. Изгубени се во јавниот етер, многу често кажуваат свои мислења без да го откријат својот личен идентитет, нивните коментари се сублимирани во пар пцовки што никако не може да индицираат која позиција ја заземаат и против што конкретно тие се борат. Освен тоа што е нејасно кои се нашите воини, со цел

Храброста е главна карактеристика на воините. Но пример за храброст не може да биде пишувањето на пцовки и повикувањето на насилство на фејсбук од страна на профили со лажни лични идентитети

да им дадеме нели високо државни одлики, ние не знаеме ниту што тие сакаат да постигнат. Секоја војна води кон остварување на некоја цел, а каква цел може воопшто да оствари еден фејсбук воин?

Да се потсетиме дека по референдумот кој не помина цензус, на собраниска седница беше изгласана промена на уставното име, без при тоа да се почитува очигледната волја на народот

Тогаш фејсбук беше преполн со секакви коментари, нанесената неправда беше главна тема на сите кафански седенки, ако појдеш во сендвичара го слушаш оној од кујна како им го пцуе мамето предавничко. Но, народ на улица немаше. Пар луѓе, се самоорганизираа на простест пред Собранието на Македонија. Нивниот број беше толку мал, а нивната агенда неиздржана, да целиот тој собир можеше да се третира само како уметнички перформанс со малку бизарна позадина. Народот не се самоорганизираше за тој настан, политичката партија ВМРО – ДПМНЕ на која сега и се приврзуваат сите патриоти со надеж дека ќе го врати името Македонија во службена употреба

За жал демонстрациите кои како што етимологијата на зборот кажува треба да пратат порака од – демос, народот, тие испраќаат порака од страна на политичките партии како главни центри за моќ во Македонија 

беше прилино молчелива. Што тоа ви кажува? Прво дека секој простест кој е оставен на самоорганизација е пропаданат, бидејќи една хаотична маса од луѓе секогаш бара водство. Значи, ниту еден простест не е инициран од оние што простестираат, ниту еден протест не е политички исцениран и не оди во прилог на тие што протестираат, туку оние што протестот го порачуваат – обично политичките партии. Еве ви ги и револуционерите од шарена, пола од предводниците седат во парламент, а пола се наместени на добри позиции и црпат огромни пари од буџет во вид на хонорари и плати.

Вашите фејсбук војни, јавувања по утрински емисии, искажувањето на ставовите во кафана, гневот што го акомулирате, нема апсолутно никакви реални ефекти

Фејсбук и нему слични мрежи се користат токму како извор на таргети. Вашата ирационалност и исконска потреба за војување ве прави нечиј таргет. Имате сила, имате гнев, за нивната војна тоа е доволно, но не и за вашата. Бидејќи услов да водите ваша војна е да знаете што сакате да постигнете и пред се на кој начин. Ниту една војна не се води без оружје, а најсилното оружје е разумот што не може да се собере во пцовки, повикување на агресија и отворено покажување на жед за крв.

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...