Социјалните мрежи "изгасија" околу 1.000 профили за кои е оценето дека се поврзани со координирано неавтентично однесување од Иран и Русија

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 11:46

Фејсбук и Твитер гасат лажни профили поврзани со кампањи на Русија и Иран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фејсбук рече дека отстранил 652 страници – групи и профили поврзани со Иран и Русија поради “координирано неавтентично однесување” кое подразбира споделување политички материјали – објави “Би Би Си”.

Твитер исто така објави дека укинал 284 профили поради “координирани манипулации” од кои многу очигледно потекнуваат од Иран.

Мајкрософт соопшти дека открил руски сајбер напади против американски конзервативни групи. Вчера Фејсбук објави дека открил неколку профили што покажале “неавтентично однесување” поврзано со кампањи што потекнуваат од Иран и Русија по истрагите што траеле “многу месеци”.

“Ние го забрануваме ваквото однесување затоа што сакаме луѓето да им веруваат на поврзувањата што ги создаваат.” – се вели во соопштението на компанијата

И покрај тоа што истрагата сeуште е во тек додаде социјалната мрежа кампањата се чини дека ги таргетира луѓето преку неколку интернет сервиси на Блискиот Исток – Латинска Америка – Велика Британија и САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.