„Планираме да ја замениме конференцијата Ф8 со видеа и содржина во живо.“

Објавил: admin@magazin | 1 март, 2020 22:54

ФЕЈСБУК поради корона вирусот ја откажа годишната конференција: Еве како го победија вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради епидемијата на коронавирусот, Фејсбук ја откажа својата годишна конференција „Ф8“.

Како најважен настан на компанијата оваа година, „Ф8“ требаше да се одржи во Сан Хозе во мај, но Фејсбук објави дека конференцијата ќе биде откажана.

„Со оглед на зголемената загриженост за коронавирусите, ја донесовме тешката одлука и го откажавме Ф8 да дадеме приоритет на здравјето и безбедноста на нашите партнери, вработените и секој кој присуствува на конференцијата“, се вели во социјалната мрежа.

Таа ќе ја замени конференцијата со видео во живо и стриминг.

„Планираме да ја замениме конференцијата Ф8 со видеа и содржина во живо.“

Фејсбук го погоди криза на доверба кај корисниците, огласувачите, вработените и инвеститорите после што призна дека податоците за околу 87 милиони лица, повеќето од Соединетите Американски Држави (САД) дојдоа во рацете на компанијата Кембриџ Аналитика која ги искористи во политички кампањи.
По избувнување на скандалот, во САД и во Европа отворени се неколку истраги, додека Цукенберг неколку пати се извини поради кршење на приватноста на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук.

Фејсбук (Facebook) е мрежно место кое служи како услуга за друштвено вмрежување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Facebook Inc.

Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат едно со други. Тие, исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси.

Името на мрежното место се однесува на документот „фејсбукс“ кој ги опишува членовите на универзитетската заедница, кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и вработени како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.

Мрежата ја основал Марк Закерберг, заедно со Дастин Москович, Крис Хјус и Едуардо Саверин, додека бил студент на универзитетот Харвард. додека бил студент по. Корисничките сметки на мрежното место, на почетокот биле ограничени само за студентите на Харвард, но набргу станало достапно и за студентите од другите универзитети од Бршленската Лига.

Потоа, мрежата стана достапна и за средношколците, но и сите останати лица. Во септември 2006 година беше утврдено дека корисник на може да биде секој кој има повеќе од 13 години и има постоечка електоронска пошта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.