Заеднички одлучиле, прво Талат Џафери под итно да си отвори Фејсбук акаунт и второ, што побрзо смената на името да се објави во Службен весник

Објавил: Мате Парлоф | 16 јануари, 2019 11:16

Фејсбук ќе отвори џиновска фабрика во Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Вечерта на 11-ти Јануари, после изгласувањето на смената на уставното име во Република Северна Македонија, бил остварен телефонски разговор меѓу премиерот Заев и газдата на Фејсбук, Цукенберг. Цукенберг му честитал на Заев за лидерството, реформите и смената на Уставот и му кажал дека Фејсбук е спремен за една џиновска инвестиција во Северна Македонија, а одлуката за тоа ќе биде потпишана веднаш штом смената на името се објави во Службен весник.

Вечерта се одржал итен состанок меѓу Заев, Али Ахмети, Никола Димитров и Талат Џафери при што премиерот им ја соопштил убавата вест што ја чул од Цукенберг. Заеднички одлучиле, прво Талат Џафери под итно да си отвори Фејсбук акаунт и второ, што побрзо смената на името да се објави во Службен весник.

При тоа Али Ахмети рекол дека сега е моментот да се објави и законот за двојазичност, при што секој корисник на Фејсбук според член 37 став 2 од законот, да мора да отвори два ФБ профили, еден на македонски, еден на албански јазик, и со тоа ќе се дуплира бројот на корисници во земјата, што сигурно ќе му биде мило на Цукенберг. Додека другите разговарале, Никола Димитров веќе му напишал цел извештај на американскиот амбасадор, по месинџер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...