Министерот претходно побара од МВР да бидат санкционирани организаторите на журги и забави, што е сосема спротивно на препораките за заштита од Ковид 19

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2020 16:20

Филипче: Ако не се почитуваат мерките ќе го вратиме полицискиот час!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изјава за ТВ Сител, министерот за здравство Венко Филипче, рече ддка поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, можно е повторно враќање на полицискиот час.

Ако се придржуваме до превентивните мерки, бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка како што е рестрикција во движење може да дојде предвид во даден момент, во случај на окупираност и пополнетост на болничките капацитети. Ние во овој момент немаме индикација за тоа.Не можеме да живееме затворени и со рестрикции. Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, нагласил Филипче.

Министерот претходно побара од МВР да бидат санкционирани организаторите на журги и забави, што е сосема спротивно на препораките за заштита од Ковид 19.

Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.