Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада, од вчера, се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

Објавил: Перо Милчин | 1 април, 2021 6:09

ФИЛИПЧЕ: АСТРА ЗЕНEКА Е БЕЗБЕДНА ЗА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја почнавме вакцинацијата. Сите граѓаните над 77 години се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти.

Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада, од вчера, се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

 Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од Астра Зенека, засега се појавиле само кај помладите од 60 години.

Статистички, само 1 случај на 125.000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква паника.

Заради внимателност, бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите, вели Филипче!

Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, со коишто сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме до Европската агенција за лекови и директно до германското Министерство за здравство по што ќе имаме повеќе информации.

Граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија не треба ништо превентивно засега да прават. Сериозни компликации се исклучително ретки, и кај нив исто така, нема простор за паника.

Сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период.

Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект којшто се поврзува со примање една доза на вакцината Астра Зенека.

Верувам дека ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината, бидејќи ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем од ризикот да се добие некаква таква компликација од самата вакцина, вели министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...