Продолжува вакцинацијата на сите пријавени во системот и веб сајтот vakcinacija.mk над 40 години, опфатени се дополнително пријавените граѓани над 65 години после 1 мај.

Објавил: admin@magazin | 20 мај, 2021 7:52

Филипче: Бележиме значително намалување на притисокот врз болниците кај нас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бележиме значително намалување на притисокот врз болниците кај нас и во регионот, капацитетот на исполнетост во болниците ширум државата е некаде помеѓу 20-30%, изјави министерот Венко Филипче!

Голем број на ковид центрите се затворени, до крајот на неделата и одделенијата во зградата на интерните клиники се очекува да бидат вратени во нормала.

Донесените мерки остануваат да важат до 1 јуни, продолжува препораката за карантин од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од Африка, Индија, Јужна Америка.

Вакцинацијата се одвива добро, близу 200.000 граѓани се вакцинирани, од нив 30.000 ревакцинирани, во државата се аплицирани близу 220.000 дози на вакцини.

Продолжува вакцинацијата на сите пријавени во системот и веб сајтот vakcinacija.mk над 40 години, опфатени се дополнително пријавените граѓани над 65 години после 1 мај.

Согласно одлуките на Комитетот за имунизација и Националната група се прават распоредите за приоритетни групи, во тек е и вакцинацијата на пациенти на дијализа и пациенти коишто се трансплантирани.

Според најавите од Кинеската амбасада, 500.000 вакцини од Синовак треба да пристигнат на почетокот на јуни. Дополнителни 100.000 вакцини на Фајзер преку Ковакс системот во текот на месец јуни, вели Филипче!

Продолжува и динамиката на пристигнување на 10.000 вакцини од производителот Фајзер секој понеделник, преку нашиот директен договор и системот на солидарност од ЕУ до крајот на месец мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...