Подготвени сме за прилагодување на капацитетите и отворање нови, согласно планот за менаџирање на болничките капацитети кој е одамна утврден за овие услови.

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2021 9:14

ФИЛИПЧЕ: ВО ЕКОТ СМЕ НА ТРЕТИОТ БРАН, ЗАСЕГА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА ОД 22 ДО 5 ЧАСОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се наоѓаме во екот на третиот бран од почеток на пандемијата – бележиме раст од нешто повеќе од 5.000 активни случаи во последниот месец, 1.100 хоспитализирани пациенти низ државата, вели министерот за здравство, Венко Филипче!

Подготвени сме за прилагодување на капацитетите и отворање нови, согласно планот за менаџирање на болничките капацитети кој е одамна утврден за овие услови.

Комисијата за заразни болести одлучи дека мерката за полициски час треба да остане иста се додека да го даде потребниот резултат – за евентуално заострување на мерките ќе се дискутира на почеток на следната недела.

Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница, случајот со родилката од Дебар дополнително ќе го анализира комисија во состав од пет члена – директорите на клиниките за урологија, КАРИЛ, ГАК, директорката на ДСЗИ и тие ќе треба да направат анализа на случајот.

Успешно тече вакцинацијата на здравствените работници и заклучно со вчера се вакцинирани 5.300 вакцинирани здравствени работници и преку 130 илјади пријавени граѓани за вакцинација.

Во следните недели очекуваме да пристигнат 100.800 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека – сѐ уште го очекуваме датумот за испорака.

Сите вакцини за кои ќе биде утврдено дека треба и може да се аплицираат кај нас ќе бидат целосно безбедни и проверени од меѓународните институции и граѓаните може со целосна доверба да се вакцинираат, вели министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...