Филипче најави измена на Законот за здравствена заштита, за што денеска се донесе одлука на ГГКШ, а предлогот на Законот веќе утре ќе се стави на седница на Влада.

Објавил: Перо Милчин | 13 април, 2021 21:53

ФИЛИПЧЕ: ВО СРЕДА ПРОДОЛЖУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА СПОРЕД ВОЗРАСНАТА ГРУПА ГРАЃАНИ ВО А1 АРЕНАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура, опфатени во првата фаза, завршува денеска и утре, а имунизацијата против КОВИД-19, согласно Националниот план  продолжува со вакцинација на граѓани, истакна денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.

-Останатиот дел од 20.000 вакцини Спутник В ќе бидат  распределени по возрасни групи, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со  вакцината на Астра Зенека по вакциналните пунктови.

Апелирам до сите да се пријават на сајтот за вакцинација vakcinacija.mk за податоците да влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани. Истовремено, и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, посебно постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата система – приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура, посочи Филипче, кој истакна дека вакцинирани се сите коишто имаа најголем ризик, кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од самиот почеток, како што се: припадници на МВР, армијата, вработените во училиштата, наставничките од 1 до 3 одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачките, како и правосудниот систем, група вработени во Собрание, во техничките служби од координацијата, го очекувам и интересот од претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

– Денеска е на ред групата преку Здружението на новинари, тие коишто навистина се во првата борбена линија, би рекол уште од почеток на кризата и со своето навремено информирање, информирање на јавноста, пласирањето важните пораки, исто така се едни од клучните во менаџирањето на оваа здравствена криза, рече министерот.

Филипче најави измена на Законот за здравствена заштита, за што денеска се донесе одлука на ГГКШ, а предлогот на Законот веќе утре ќе се стави на седница на Влада.

 На главниот координативен кризен штаб, денеска, се дискутираа повеќе работи во однос на менаџирањето на болниците, во однос на менаџирањето на вакцинацијата и целокупниот процес и во таа смисла би сакал да соопштам уште два важни заклучока. Прво дека се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата или вонредна состојба, што се однесува конкретно за лекување ковид пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза и има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и го поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита, посочи Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...