Министерот одговори на прашањето кое можеби и најмногу ги интересира грашаните, и рече дека за сега илипче не е планирано да се воведе полициски час на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Тој посочи дека и натаму ќе продолжат да се казнуваат оние кои нема д аносат маска бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 септември, 2020 21:54

Филипче во Топ Тема: Јануари ќе биде најризичен период за корона вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најризичен период кој следува со корона вирусот е месец јануари, смета министерот за здравство Венко Филипче. Тој во вечерашната Топ Тема на Телевизија Телма објасни дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе бидат затворени, осносно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. Преку овие тестови, пациентите во болниците нема да чекаат долго за резултат од тестовите, туку истиот ќе го добијат за брзо време по што докторите ќе знаат како да постапуваат. Ќе бидат распределени во болниците и на граничните премини, истакна Венко Филипче.

Министерот одговори на прашањето кое можеби и најмногу ги интересира граѓаните, и рече дека за сега не е планирано да се воведе полициски час на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Тој посочи дека и натаму ќе продолжат да се казнуваат оние кои нема да носат маска бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.