Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Објавил: Владо Марин | 26 октомври, 2020 8:57

Филипче го внесува системот во хаос, бараме одговорност!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во денешното соопштение Вмро-Дпмне обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19 во текот на вчерашниот ден е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и министерот Венко Филипче!

„Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Венко Филипче го внесува системот во хаос. Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека нѐ очекува есенски бран.

Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип,  а со тоа ги остави возрасните и хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само придонесува медицинскиот кадар да ја напушта државата“, се вели во партиското соопштение во кое се бара одговорност.

Исто така пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја истакнува хипокризијата на Зоран Заев, Венко Филипче и власта на СДСМ, со која се обидуваат да ја скријат својата неспособност во справувањето со епидемијата на корона вирусот.

Пред изборите, односно во време кога имаше по 30-40  новозаразени на ден, Заев, Филипче и СДСМ бараа одговорност од техничките министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но затоа, пак, сега, кога има 15 пати повеќе заразени секој ден, молчат и не зборуваат за каква било одговорност на надлежните!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.