Недостатоци има - одговорноста не е ни на повидок

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 11:09

Филипче го стопираше тендерот вреден 36 милиони евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство на Република Македонија конечно со Одлука. Тендерот вреден 36 милиони евра и одлуките за него се стопираат и поништуваат.

Филипче на прес конференцијата истакна дека не само што на тендерот се јавила една компанија туку биле забележани и низа недоследности во реализацијата по што донел одлука да го стопира и поништи во целост:

“Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација – одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски – имунолошки – хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме.”

Министерот не појасни како поништувањето на овој тендер ќе влијае врз пациентите но и кој тоа ќе ја понесе целата одговорност за тендерската постапка која очигледно била грешна од самиот почеток. Денешната изјава повеќе наликуваше на изјава на економист а не на првото лице во македонскиот здравствен систем и лекар:

“Истовремено – ги повикуваме компаниите кои работат во оваа сфера да работат на намалување на цените на реагенсите и до 15-20% колку што е пазарната вредност. И во иднина ќе продолжиме да работиме во насока на подобрување на здравствениот систем – заштеда на буџетот на граѓаните и приближување кон модерните европски трендови.”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија