Тој првично најави дека нема да поднесе оставка додека не заврши истрагата за пожарот, а дури потоа ќе донесе одлука дали ќе се повлече од функција или не. Но се чини притисокот од јавноста беше преголем, па Филипче после еден ден ја промени својата одлука.

Објавил: admin@magazin | 10 септември, 2021 19:11

Филипче даде оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва соопшти дека поднел оставка од функцијата.

-Секогаш стоев одговорено и транспаретно. Никогаш не бегав од критика, никогаш не се откажав да ја победиме пандемијата.

Последната трагедија многу ме погоди. Затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Заев. Сакам да им се заблагодарам на довербата. Сакам да им се заблагодарам и на медиумите за нивната транспареност и соработка, беше краток Филипче.

Тројца фунционери, двајцата директори од тетовската болница и заменик-министерот за здравство поднесоа оставки преземајќи морална одговорност по трагичната несреќа во модуларната ковид-болница во Тетово во која загинаа 14 лица а 12 се повредени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести