Забрането е организирањето на каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од страна на кои било физички и правни лица и јавни субјекти.

Објавил: Владо Марин | 15 декември, 2020 22:22

Филипче: Да бидеме одговорни за празниците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Угостителските објекти ќе се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот како што беше досега, апелираше на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче!

Забрането е организирањето на каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од страна на кои било физички и правни лица и јавни субјекти.

Ова се дел од мерките, коишто Владата ги донесе на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Овие мерки ќе траат во периодот од 18 декември до 20 јануари, со цел да го избегнеме зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на празници, вели тој!

Угостителските објекти се еден сериозен ризик и затоа го ограничуваме работењето до 18:00 часот. Препорачуваме да нема домашни собири и да нема собири во викенд населбите. Забраната за групирање е на сила. Оваа зима е сериозен предизвик и мора сите заеднички да му помогнеме на здравствениот систем, а пред сѐ на нашите здравствени работници, потенцираше тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...