На прес конференцијата Филипче посочи и дека Министерството нема можност да влијае врз, приватните оператори, но се бара правен механизам да се реагира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 септември, 2020 22:42

Филипче: Да се навикнеме на новиот начин на живот додека не се пронајде вакцина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска Комисијата за заразни болести го објави протоколот за работа на училиштата во државава, се огласи и министерот за Здравство Венко Филипче кој апелираше да се навикнеме на новиот начин на живот се додека не се пронајде вакцина.

Апелирам до сите родители, наставници, целиот менаџмент на образовни институции максимално сериозно да пристапат кон спроведување на мерките на заштита од ковид-19. Нашата улога како родители е незаменлива. Мора да работиме со своите деца и да ги подготвиме за новиот начин за одржување на наставата. Овој модел на настава нѐ штити сите нас – нашите роднини, блиски родители, баби, дедовци. Оваа состојба не е избор, таа е нужност. До пронаоѓање на вакцината, да се навикнеме на новите правила на живот, работа, дружење и учење. Се може да се надополни, но здравјето и животот не може.

На прес конференцијата Филипче посочи и дека Министерството нема можност да влијае врз, приватните оператори, но се бара правен механизам да се реагира.

„Не можеме да се договараме  за унифицирани цени за тестовите во приватните лаборатории. Можеме да влијаеме на цените кои ги одредува Фондот, после тоа и инициравме една активност во договор со правниците од МЗ дали може да влијаеме на цените на приватен оператор и уште се работи на тоа. Се сложуваме дека треба да се ангажираме за тоа. Не е директно во наша ингереција, но ќе видиме дали може да се најде соодветен правен механизам“, рече Филипче.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести