Филипче не сакал ни да разговара за "златна средина" во покачувањето, но за целокупниот медицински персонал, со што е јасно зошто Македонија речиси остана без лекари

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 12:07

Филипче дискриминира 22 илјади медицински лица што не се лекари

Фото/Текст извор: ©zdravstvo.mk

Министерот за здравство Венко Филипче “од ракав” ги подели лекарите со медицинските работници на позаслужни и помалку заслужни здравствени лица.

Имено министерот за здравство Венко Филипче останува на ставот дека за докторите ќе има покачување од 10 проценти, а за останатиот медицински персонал од само 5 проценти.

Ова денеска како што објави здравство.мк  го соопштил министерот на средба со претставници на Синдикатот.

На попладневната средба му биле предложени неколку опции меѓу кои и таа на пример покачувањето за сите да биде исто. Му било предложено да биде 6 или 7.5 проценти, но за сите.

Сепак министерот останал дециден на ставот дека сака ама не може бидејќи тоа многу ќе го оптерети буџетот.

Со оваа поделба што се прави сега од страна на министерот, настана поделба меѓу вработените во здравствениот сектор. И онака е лоша состојбата ова дополнително не подели, коментираат деновиве здравствените работници. Филипче со оваа одлука дискриминира околу 22 илјади медицински персонал во јавните здравствени услуги, или сите оние кои не се доктори како медицински сестри, лаборанти, радиолози, физотерапевти и други. Или на еден доктор во просек во јавното здравство има 4-5 лица друг медицински персонал. – коментираат од синдикатот.

Неофицијално здравствените работници велат дека останува опцијата штрајк, но истата дополнително би се разгледала и следната недела ќе има прецизни информации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...