Фирмата која е основана пред само четири месеци и за сопственик има 27 годишен државјанин на Србија го доби тендерот за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија.

Објавил: admin@magazin | 21 јули, 2018 11:18

Филипче додели тендер од 35 Милиони евра на 27 годишен дечко од Новисад!

Фото/Текст извор: ©lider.mk

Investigative Reporting Lab Macedonia вечерва објави фотографија од Александар Јовановски-Жути, управител на фирмата која го доби 35-милионскиот тендер од Министерството за здравство, во друштво на Јордан

Контроверзниот тендер, за кој Лидер пишува уште од мај годинава, вреди околу 35 милиони евра а на него конкурирала само компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која е во сопственост на Предраг Петриќ од Нови Сад, а директор во Македонија и е извесен Александар Јовановски викан Жути од Гази Баба.

Се работи за исклучително сомнителен тендер, ако се има в предвид дека компанијата ќе добие монопол над целиот пазар со апарати и реагенси за испитување на крв во сите Јавни здравствени установи во Република Македонија.

Дополнително скандалозно е што во самата тендерска документација беа наведени спецификации за модел на апарати кои одговараат само на еден производител, АБОТ, иако на пазарот има уште десетици модели за апарати за испитување на крв.

Јордан Мијалков, син на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.(ФОТО НА ДЕНОТ) Единствениот апликант на тендерот за реагенси од страна на Министерството за здравство во износ од 35 милиони евра Александар Јовановски – Жути (лево) во друштво на Илија Тозија (поранешен член на управниот на Државна видео лотарија и понекогаш управител на фирмите на Мијалков (централно) и Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков (десно), напишаа од Investigative Reporting Lab Macedonia.

Проверката во централниот регистар покажува дека компанијата која го добива тендерот е регистрирана на 18.04.2018 што консолидира со периодот во кој беше отворен техничкиот дијалог за тендерот. Оваа компанија која ја водат млади луѓе, нема никакво искуство во овој сектор, ниту пак било кога се занимавала со медицинска опрема.

Да биде ситуацијата уште поинтересна, компанијата нема веб страница, а лицата поврзани со неа нигде не се јавуваат во медицинскиот сектор. Официјалната електронска адреса во Централниот Регистар, каде се наведува контакт е „zuti45@yahoo.com”, а нигде не е оставен телефонски контакт преку кој би можеле да ги побараме и да добиеме било каков коментар поврзан со ова истражување.

Според неофицијалните информации до кои дојде Лидер, зад целата оваа шема стои еден познат бизнисмен кој се бави со трговија и производство на масло а е исклучително близок до власта.

„АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“ воопшто не е ни застапник на брендот „АБОТ“ од кој се набавуваат апаратите, а како што неофицијално дознаваме, токму локалниот застапник на „АБОТ“, ќе биде компензиран со провизија за набавката и паушал за одржување апаратите, затоа што воопшто не учествувал на тендерот.

Како што неофицијално дознаваме, реагенсите ќе бидат набавувани од грчката компанија „Пегасус“, која исто така не учествуваше на тендерот.

»Ќе се блокира здравствениот систем«

До сега секоја болница сама си набавуваше реагенси и имаше десетина компании кои беа активни на пазарот, но откако минатиот месец министерот Венко Филипче им забрани на болниците сами да набавуваат реагенси за нивните лаборатории, се отвора голем скандал, затоа што сега парите ќе ги добива само компанијата „АХР ЛАБ увоз-извоз“, а нив нема да ги плати министерството туку болниците и тоа за апарати кои во најголем дел од случаите нема да бидат инсталирани во нивните болници туку болниците само ќе ги користат.

Предраг Петриќ, 27 годишен државјанин на Србија е сопственик на компанијата која доби 35 милиони евра на тендер во Македонија

Старите апарати кои се користат во моментов, ќе се стават надвор од употреба, иако најголем дел од нив се функционални и не се долго користени, а новите ќе бидат инсталирани на помалку места од претходно и компанијата добитник на тендерот ќе биде задолжена низ Македонија да ги транспортира примероците со крв за да се направат биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациски и гасни анализи.

Ова ќе создаде дополнителен хаос во здравството, затоа што, доколку се анализира тендерот, излегува дека овие тестови ќе се транспортираат само еднаш дневно. Во болниците има итни случаи за кои е потребно итно да се направи тест, со ова ќе треба да се чека до наредниот ден. – велат за Лидер директори на јавни здравствени установи во кои сега нема да има апарати за анализи.

Според тендерската документација, компанијата која ќе го добие тендерот за реагенси, ќе биде должна да спроведе транспорт на примероците од крв до 14 часот назад во лабораториите.

Што ќе правиме доколку во Гостивар попладне се случи некаков итен случај со родилка и потребно е итно испитување на хормони? Според ова што го предлага Филипче, процедурата ќе биде таква да се чека до следниот ден во десет и триесет да се земе крв па подоцна да се транспортира назад – вели за Лидер, директор на здравствена установа кој сака да остане анонимен.

Пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести