Не ги критикувајте политиките кои носат добро за државата, наместо да критикувате, добредојдени сте со идеи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 август, 2019 16:29

Филипче до Мицкоски: Не ги критикувајте политиките кои носат добро за државата, наместо да критикувате, добредојдени сте со идеи

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот за здравство, Венко Филипче упати жестоки критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека се многу смешни обвинувањата на Мицкоски.

–Многу смешни се обвинувањата на Мицкоски. Да креира приказни каде нема место за тоа, е недостаток на политичка идеја што да се прави. 11 години не е помрднато во здравството додека Владата каде што беше Мицкоски “одговараше” за своите постапки.

Не ги критикувајте политиките кои носат добро за државата, наместо да критикувате, добредојдени сте со идеи.

Ама тие, изгледа, ги немате. Се занимавате со вашите замислени фронтови коишто, ама баш ништо добро не прават за никого. Следете го процесот за стерилизација, за разлика од вас, ние ништо не криеме, истакна Филипче

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.