Министерот  нагласи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица и рече дека пикот на коронавирусот би можело да се очекува за околу еден месец.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 март, 2020 15:56

Филипче: За еден месец очекуваме да има 2000 заболени од Коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Епидемијата е во силен ек и секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик, односно врв на кривата и понатаму намалување, спласнување на случаите. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои што ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија.

Презедовме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму се што треба, се со цел да застанеме на патот на ширењето на инфекцијата. Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, ограничете го движењето, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца таму каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете 20-30 секунди. Од сите нас зависи, од сите поединци, компании, институции, максимално сериозно мора да пристапиме на ова прашање. Ова не е шега.

Министерот  нагласи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица и рече дека пикот на коронавирусот би можело да се очекува за околу еден месец.

Единствениот начин е сите ние да се однесуваме одговорно. Сите информации се достапни, отворени сме за комуникација, за делење на навремени и точни информации. Мерките ќе ги заоструваме доколку има потреба. Нека седат дома децата и хроничните пациенти. Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем, заради тоа што искуствата од другите земји покажуваат дека заразата се шири и кога е здравствениот систем оптоварен. Сметам дека сите мерки кои ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме остар пик, нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главната работа за да здравствениот систем може да го апсорбира овој удар, за што сме подготвени со капацитети, опрема, кадар, што е подготвен да ротира по потреба. Сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри, дополнително на оној кадар со кој сега располагаме, согласно намалувањето на нивните редовни програми, сега се подготвени да се вклучат во третманот на ова заболување. Сакаме да ги заштитиме здравствените работници, за жал, во другите земји има примери во кои и тие заболуваат, сега е клучно и тие да се здрави заради тоа што тие се столбот на овој здравствен систем, главните даватели на здравствените услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.