Вчера во нашата држава беа регистрирани  138 нови случаи на ковид-19

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2020 11:43

Филипче: Избегнувајте групно собирање- ти си на одмор, но вирусот не е!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.

Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност.

Вчера во нашата држава беа регистрирани  138 нови случаи на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.