Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторар и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учевната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили.

Објавил: Весна Петровска | 10 септември, 2019 16:55

Филипче и Адеми добија ТУЖБА од родителите на невакацинирани деца кои не еба примени во училиште

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Министерот за здравство и министерот за обрзаование добија кривични пријави од револтирани родители чии деца биле невакцинирани и не биле примени во училиште.

Адвокатот на родителите за Сител вели дека со овој потег Филипче и Адеми направиле злоупотреба на службена должност.

-Се крши уставното право за задолжително образование, да ги исклучувате и да создавате необразовани деца во 21 век. И министерот за обраозвание не го почитува Уставот, иако и вакцинацијата е задолжителна но во друг сегмент, во основното образование нема таков услов. Ако веќе функционираат, а не фунцкционираат, требаљло порано сите деца да бидат вакцинирани а не сега на 7 години да го тераат да прима вакцина која е на 9 месеци. Ако добеме негативна одлука ќе одиме до Стразбур, вели Звонко Давидовиќ, адвокат од адвокатско друштво Давидовиќ Јанковиќ.

Родителите бесни што децата кои биле невакцинирани не беа примени во училиштата

И додека родителите правдата ќе ја бараат на суд, министерот за здравство не отстапува – вакцинацијата останува задолжителна за упис во училиште и градинка.

По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.

Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторар и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учевната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили.

Минатата недела биле регистрирани 5 случаи, сите деца кои не биле вакцинирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести