Според него, оставките на двајцата директори на болницата се неотповикливи и тука, рече, нема што да се прифаќа, додека оставките на министерот и заменик-министерот беа доставени до Владата и за нив треба да биде донесена одлука, но дека од увидот на Обвинителството јасно е наведено во извештајот.

Објавил: Перо Милчин | 6 октомври, 2021 8:07

Филипче и неговиот заменик немаат одговорност за пожарот во Тетово, смета Груби

Фото/Текст извор: ©магазин

Филипче и неговиот заменик немаат одговорност за пожарот во Тетово, смета Груби!

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби смета дека според извештајот на Обвинителството за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември во кој загинаа 14 луѓе, очигледно е дека министерот и заменик-министерот за здравство немаат, како што рече, никаква одговорност за трагичниот настан, но дека, сепак, одлуката за нивните оставки останува да ја донесе премиерот кој ќе ја соопшти денеска.

Го прочитав извештајот и очигледно станува збор за несреќен, трагичен случај и очигледно е дека истрагата го потврди тоа во што се сомневавме дека се работи за трагичен настан во кој, за жал, загинаа многу наши сограѓани. И согласно тоа, мислам дека и одлуките коишто ќе ги донесе премиерот се совпадливи со извештајот и со видувања на Обвинителството, изјави Груби за ТВ Телма.

Според него, оставките на двајцата директори на болницата се неотповикливи и тука, рече, нема што да се прифаќа, додека оставките на министерот и заменик-министерот беа доставени до Владата и за нив треба да биде донесена одлука, но дека од увидот на Обвинителството јасно е наведено во извештајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести