Тој посочи дека зголемениот број на заболени од Ковид 19 всушност беше мал пик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 септември, 2020 20:19

Филипче: Капацитетот во болниците е под контрола- бројот на заболени се намалува!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче рече дека бројот на смртни случаи од коронавирусот се намалува.

Тој посочи дека зголемениот број на заболени од Ковид 19 всушност беше мал пик.

Според него, многу е тешко да се утврди кои се фактори кои придонесуваат за смртноста.

-Се уште има пациенти кои доаѓаат многу доцна кај лекарите, во болниците. Ние секогаш за време на кризата немавме таква криза да нема болнички кревет за да се смести болен, рече Филипче.

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19.

Починати се 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.