И покрај трицифрениот број на заболени кој веќе речиси три недели не се намалува, Венко Филипче вели дека ситуацијата и натаму е под контрола.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 17:44

Филипче: Луѓето се опуштија со семејни прослави, затоа вториот бран на заразата подрани!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Вo гостување на Канал 5 телевизија, министерот Венко Филипче, истакна дека поради тоа што луѓето не ги почитувале доволно мерките за социјална дистанца и носење заштитна маска се случи оваа состојба во државата, вториот бран на заразата подрани бидејќи како што вели луѓето се опуштија со семејни прослави и големи собири.

Министерот рече дека нема простор за паника од напливот на нови пациенти во болниците – тој ќе се издржи со зголемените капацитети и ротацијата на лекарски кадар.

И покрај трицифрениот број на заболени кој веќе речиси три недели не се намалува, Венко Филипче вели дека ситуацијата и натаму е под контрола.

.„Не постои ниту еден единствен податок, еден анкетен епидемиолошки лист кој што укажува на тоа дека човек се заразил ако ги почитува мерките. Апсолутно. Правевме анализа и направивме увид. Секаде каде што видовме изјава дека или не се носеле маски или имало голем собир со огромен број на луѓе на мала дистанца или дистанцата не се почитувала во рамки на помали семејни настани. Уште еден показател дека единствен начин да се заштитиме е почитувањето на овие протоколи“, кажа Филипче.

Министерот истакна дека проблемот со асимптоматските носители би можел да се надмине со објавување на имињата на лицата позитивни на Ковид-19.

„Дефинитивно на тие на кои што не може да им се врачи решението ќе бидат јавно објавени. – Не е тоа кривично дело, не се одговара за прекршување на здравствени прописи? –Верувам, и можно ширење на заразна болест дефинитивно.

– Ама никому ништо.Имаше вчера Бухова прес, дека имало од свадба 14 позитивни и ниту еден не кажува контакт и тоа е. – Мора сите институции да се максимално ангажирани. Мора институциите тие настани да ги контролираат. Доколку има прекршување на мерките да се санкционираат. Ова не е борба во која што само здравствениот систем може да учествува, да ја води и да победи.“ вели Венко Филипче, министер за здравство .

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...