Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 декември, 2021 15:12

Филипче му подари слика на премиерот Заев: Ви благодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска му врачи подарок, уметничка слика, на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, за време на церемонијата на доделувањето на благодарници за здравствените работници од Ковид-центрите.

Уметничката слика е од авторот Мерсад Бербер, а му беше врачена на премиерот Заев од името на сите здравствени работници како благодарност за неговата поддршка на јавното здравство во битката со пандемијата.

Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагодарам што не кажавте „не“ за барањето за која било инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме, со ваша помош, здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество, рече Филипче.

Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од КОВИД-19, денеска им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето со последиците од вирусот и епидемијата.
 
На настанот на кој започна со едноминутно молчење во спомен на починатите од КОВИД-19, премиерот Заев истакна дека беа преземени соодветни и ефикасни мерки за да се запре фаталната природа и непредвидливоста на вирусот, да се намалат ризиците и да се пружи соодветна терапија и медицинска нега на заболените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.