Над 85% од починатите пациенти со ковид-19, имале и други коморбидитети, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Објавил: Владо Марин | 26 октомври, 2020 14:28

Филипче: Над 85 проценти од починатите од Ковид-19 имале и други сериозни болести

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека полицискиот час не е решение. Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките.

Над 85% од починатите пациенти со ковид-19, имале и други коморбидитети, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај тоа, има сериозен број и на пациенти кои доцна се јавуваат во болница.

„Огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на друга хронична болест од која биле лекувани долго време. Понатаму сериозен број на пациенти кои навистина доцна доаѓаат во болница со веќе многу тешка манифестација на болеста. Тоа е тренд кој не следи од почетокот, ние од почеток имаме една одредена бројка ама сега генерално се зголеми бројката на пациенти кои доаѓаат доцна во болница. Над 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат коморбидитети“, рече тој!

Апелирам граѓаните да излегуваат од дома само по потреба. Целта е да се избегне групирање.

Во овој период полициски час не е решение, доволно е мерките кои се веќе познати да се почитуваат, рече министерот Венко Филипче на прес-конференцијата која пред малку се одржа пред Министерството за здравство!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...