Согласно вчерашниот разговор со претставници на компанијата Фајзер, министерот Филипче најави дека останатата количина на 4000 дози од Република Србија треба да пристигнат следната недела.

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 февруари, 2021 5:55

ФИЛИПЧЕ: НАПРАВИВМЕ ДОБРА ОРГАНИЗАЦИЈА – ЕДНАШ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИМУНИЗАЦИЈАТА ДА НЕ ЗАПРЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и претседателката на Комитетот за имунизација д-р Александра Грозданова, вчера присуствуваа на почетокот на процесот на вакцинација во земјава, каде први вакцината против КОВИД-19 ја примија двајца здравствени работници од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Станува збор за главната сестра Габриела Темелковска и примариус д-р Добринка Наунова Јовановска, специјалист за неуроинфекции од инфективната клиника.

Со нивното вакцинирање практично почна имунизацијата против коронавирусот во земјава.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче потенцираше дека главната сестра Темелковска и д-р Наунова Јовановска се дел од персоналот на Инфекивната клиника кои во изминатата година деноноќно работеа и се бореа за спасување на секој еден човечки живот.

-Докторката Добринка и главната сестра Габриела се првите коишто ја примија вакцината на Фајзер. Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на инфективната клиника, а следат и вработените во сите КОВИД центри, најпрво во Скопје: ГОБ 8 Септември, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, интерните клиники – сите коишто работеле и сѐ уште работат со ковид пациенти. Понатаму, за време на викендот и болниците ширум државата, како и приватните болници, истакна Филипче.

Согласно вчерашниот разговор со претставници на компанијата Фајзер, министерот Филипче најави дека останатата количина на 4000 дози од Република Србија треба да пристигнат следната недела.

Сите пријавени 4000 здравствени работници за првиот бран на вакцинација кои работат со КОВИД пациенти ќе бидат вакцинирани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...