. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца.

Објавил: Владо Марин | 9 октомври, 2020 10:30

Филипче: Нема оправдување за неносење маски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е”, ова е пораката која утрово до граѓаните преку својот Фејсбук профил ја упати министерот за здравство Венко Филипче.

Три нови мерки за заштита од ковид-19 ќе ѝ предложи министерот за здравство Венко Филипче на Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Првата мерка, како што соопшти Филипче на денешната прес-конференција, предвидува забрана за масовни семејни собирања. Едно семејство ќе може да прими најмногу четворица гости.

Втората мерка е забрана за групирање на повеќе од четири лица на отворен и во затворен простор, по 22 часот.

Третата мерка предвидува носење заштитна маска или покривка на лицето и при престој на отворено, дури и кога лицето се движи само, како и во затворени простории. Исклучок, кога не мора да се покриваат устата и носот, е при спортување, за деца до шест години, при транспорт во приватно возило со членови на семејството, при седење во угостителски објекти (со почитување на протоколите), како и ако лицето е само во канцеларија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...