Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван.

Објавил: admin@magazin | 9 септември, 2021 18:26

Филипче не поднесува оставка, ќе чека да заврши истрагата

Фото/Текст извор: ©магзин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче одржува прес конференција по страшната трагедија во модуларната болница во Тетово , каде животот го загубија 14 лица, а 12 се борат за живот. 

Не бегам од одговорност, но одлуката за тоа дали ќе поднесам оставка, ќе ја донесам по завршувањето на истрагата, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата по повод вчерашната трагедија во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица.

Во ковид центарот имало 26 пациенти, медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири и медицински сестри. Нема повредени и починати медицински работници. 

„Починатите се на возраст од 29 до 79 години и ќе се прават анализаи на днк за утврдување на идентитетот, – рече Филипче.

Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван.

Квалитетот на модуларните болници имал сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А тест и под надзвор на акредитирана компанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...