Зголемувањето на паркингот во Клинички центар "Мајка Тереза" сеуште наидува на "остар нож" од медицинскиот персонал но и пациентите, кои чекаат реакција на министерот

Објавил: Мартин Попоски | 13 декември, 2018 10:43

Филипче, ова не е паркинг, ова е автопазар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вработените во клинички се откажаа од блокирањето на наплатните пунктови, но и понатаму паузата ќе ја поминат во мирен протест против одлуката на градските власти за покачување на цените на паркингот.

Министерот за здравство ги замолил за трпение, додека тој се обидува да го разубеди градоначалникот Шилегов и да најдат заедничко решение.

Здравствените работници бараат за нив да има повластена цена, која е помала од онаа што ја плаќаат останатите граѓани. Сметаат дека сегашната инфраструктура на паркингот не ги задоволува потребите ниту на вработените, ниту на пациентите.

Градоначалникот Шилегов претходно обвини дека од вкупно 670 паркинг места, на здравствените работници им биле издаени 1.500 картички по цена од 300 денари месечно.

Господинот градоначалник на град Скопје си зема своја слобода да нас не обвини дека сме виновни зошто пацинетите не може да се паркираат и ние сме биле криви. – вели Д-р Горан Беговиќ – претседател на ССКЦ.

Власта да излезе со паметни решенија, а не со парање за покачување на карицата за паркинг, а притоа да не ни обезбеди место. – вели Јулијана Јовановска – Медицинска сестра, Член на ССКЦ.

Ова не е паркинг ова е автопазар. Кога транспортирам пред мене пациентот диши гасови од возилата, тоа е перење на пари, што вложил во клиниката во паркинот? – вели Ивица Апостоловски – Медицински Лаборант.

Од министерството за здравство велат дека по средбата на министерот со градоначалникот Шилегов, ќе информираат што ќе биде одлучено. Од друга страна револтирани се и пациентите кои пак се жалат дека со часови кружат во кампусот додека најдат слободно место.

Смрт е, не ни влегувам, колата ако треба на бит пазар ќе ја оставам, само тука не влегувам. Ова е лудница, треба нешто да се преземе, инаку народот се малтретира. Нека се направи посебен паркинг за вработените, па нека биде и без пари за нив. Барем за лекарите, кои што работат, треба да има еден дел обележан со картица за вработените па нека си влезат, што ако лекарот треба итно да дојде? – велар револтираните граѓани.

Согласно одлуката на Град Скопје – наместо 300 денари месечно за паркинг, сега и вработените на клиниките треба да плаќаат по 800 денари.

Градските власти се на став дека со оваа одлука практично се изедначуваат цените на паркингот за сите граѓани во Скопје и дека ова е најниската ставка која се плаќа во моментов секаде за месечна претплата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...