Министерот на прес конференцијата истакна дека Владата донела уредба со која се предвидува државен карантин од 14 дена за сите оние кои ќе им дадат лажни податоци на лекарите,

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2020 22:26

Филипче: Секој што дава лажни податоци ќе биде сместен во државен карантин на негова сметка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече дека сè уште има прекршување на мерките за самоизолација, како и мерките за групирање, и посочи дека токму поради тоа се засилени контролите согласно координативните состаноци.

Министерот на прес конференцијата истакна дека Владата донела уредба со која се предвидува државен карантин од 14 дена за сите оние кои ќе им дадат лажни податоци на лекарите,

– Секој што не ја почитува мерката самоизолација, или, пак, им дава лажни податоци на епидемиолозите, ќе биде ставен во државен карантин од 14 дена. Трошоците ќе си ги надомести самото лице – рече Филипче.

Венко Филипче, рече дека пациентите мора да бидат одговорни и да ги даваат своите точни информации и дека постои не соработка со докторите.

– На лекарите треба да им се даваат точни податоци. Кај пациентите кои не кажуваат точно колегите веќе се сомневаат дека можеби ќе има случај на давање неточни податоци и им пристапуваат  внимателно. Ако се вратиме на почеток на епидемијата, огромен број луѓе кои ги дијагностициравме, со се првиот сучај, беше токму заради несоработка и недавање точни податоци – рече министерот  Филипче во Владата.

Филипче потенцираше дека пациентката која влегла од Италија на преминот Табановце не кажала на граничниот премин дека е болна,.

– Таа влезе директно во болница, а исто и наредните патници кои доаѓаа од Италија. Сега е  истиот проблем – праќаме апели и интензивно разговараат со нив здравствените работници, прават детални прегледи, особено при земањето податоци и се обидуваат да се заштитат себеси, но и институцијата. Ќе инсистирам ова да функционира – рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести