Ги чекаме списоците од останатите центри за згрижување на постари лица од другите градови Куманово, Прилеп и Берово, а согласно динамиката таму ќе продолжи вакцинацијата на таму сместените корисници.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 април, 2021 16:00

ФИЛИПЧЕ: СЕ СПРОВЕДУВА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА ВО СТАРЕЧКИТЕ ДОМОВИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Процесот на имунизација на приоритетните групи за вакцинацијата ги вклучува и домовите за стари лица кадешто вакцинацијата се спроведува на терен за сместените корисници и за здравствените работници во сите болници за геријатриска и палијативна медицина низ државата.

Веќе неколку дена трае теренската вакцинација во болниците за геријатриска и палијативна медицина и домовите за згрижување стари лица во Скопје и Битола.

Во двата дома Сју Рајдер веќе е завршена е вакцинацијата 10 луѓе од 60 во Битола, 22 од 60 во Скопје и во центарот за сместување на стари лица Мајка Тереза 22 од 50 вкупно сместени корисници.” – изјави министерот Филипче.
Во моментов е во тек вакцинацијата во Геронтолошкиот завод во Скопје “13 Ноември”, а системот на другите вакцинални пунктови низ државата продолжува и според планираното денеска се опфатени припадниците на Армијата и наставниците од прво до трето одделение.
“Сега во тек е вакцинацијата тука во болницата за геријатриска медицина.

Огромен процент и од здравствените работници веќе се вакцинирани, близу 90 и тоа беше дел од стратегијата заради тоа што овие здравствени работници навистина треба да се заштитени, прво да бидат заштитени самите тие а второ да ги штитат и постарите сместени луѓе.

Ги чекаме списоците од останатите центри за згрижување на постари лица од другите градови Куманово, Прилеп и Берово, а согласно динамиката таму ќе продолжи вакцинацијата на таму сместените корисници.

Во меѓувреме останатиот дел од системот добро функционира и денеска продолжува вакцинацијата ширум пунктовите во државата во Арената А1 Борис Трајковски дел од припадниците на Армијата и наставничките од прво до трето одделение сега во овој момент е вакцинацијата.” – кажа министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...