Главната медицинска сестра на скопската Инфективна клиника, заедно со уште две свои колешки, во време на пандемија дала отказ на работното место,

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2020 11:43

Филипче се сретна со медицинските сестри од Инфективна: По заслужениот одмор ќе најдеме решение!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера на социјалните мрежи беше објавен документ од отказното решение на главната медицинска сестра на Инфективната клиника, и две нејзини колешки, денеска министерот за здравство Венко Филипче информираше дека остварил средба со медицинските сестри и посочи дека се договориле по заслужениот одмор да остварат уште еден разговор.

Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници.

За потсетување, Зорица Љубичиќ Митиќ, главната медицинска сестра на скопската Инфективна клиника, заедно со уште две свои колешки, во време на пандемија дала отказ на работното место, покажуваат документи кои вчера беа објавени на Фејсбук. Таа како причина за отказот посочува непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести