Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека девет лица имало во комбето со кое заразената се вратила во Македонија. Т

Објавил: Перо Милчин | 26 февруари, 2020 21:01

ФИЛИПЧЕ ВО ЖИВО: Сите лица кои патуваа со пациентката вечерва ќе останат дома со полициски надзор!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва изјави дека состојбата на жената која е заболена 50-годишна жена е добра.

Министерот Венко Филипче на прес конференција истакна дека девет лица имало во комбето со кое заразената се вратила во Македонија. Епидемиолозите треба да дознаат со кој се комуницирале овие патници.

Сите лица вечерва ќе останат дома со полициски надзор, како што е тоа предвидено во протоколите. 

-Станува збор за комбе во кое биле девет луѓе, осум патници и еден возач. Три се идентификувани на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката која што ја пречекале и три места во Струмица. Во овој момент упатени се екипи на епидемиолози заедно со претставници на МВР за да се направи соодветната анкета по однапред утврден прашалник кој што е во регуларниот пристап на епидемиолозите, рече Филипче.

-Врз основа на податоците со колку луѓе контактирале во текот на денот и колку има членови на семејството ќе се одреди дали ќе продолжи домашната изолација утре ќе бидат префрлени во претходно одредените инфективни одделенија за надзор, вели Филипче.
Потенцира дека нема простор за паника и нема потреба од снабдувања и од дополнителни залихи.

 Идентификувани се сите деветмина луѓе во комбето кое во земјава влегле на граничниот премин Табановце, вели Филипче.

Осуммина се патници, а еден е возачот на комбето. Со сите е контактирано телефонски. Кон нивните домови веќе се упатени епидемиолози и тие ќе им направат соодветна анкета, односно прашалник за дознавање податоци со кои лица овие патници комуницирале деновиве. Тестови нема да им се прават, а и тоа е целта на изолацијата која трае 14 дена. Ќе се следи ситуацијата, па ако се појават симптоми тогаш ќе настапиме со лекување – рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...