Зошто грешките на министерствата за објава на тендери ги плаќаме сите ние?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 12:07

Филипче треба да плати казна од 78.000 денари за грешните тендери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комисијата за жалби по јавни набавки ги прифати жалбите поднесени од три фирми во врска со тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи – имунолошки – хематолошки – коагулациски и гасни анализи со отстапување на потребната опрема на бесплатно користење за јавните здравствени установи.

Сега Министерството за здравство и официјално треба да го поништи тендерот на кој имаше само една понуда а на трите економски оператори кои се жалеле треба да им исплати по 26.000 денари.

Министерството за здравство наредната недела планира да распише нов тендер за истата набавка.

“Државната комисијата за жалби по јавни набавки смета дека со тоа што понудата е неделива односно во еден пакет се бараат шест видови на тестови – опрема – информатички систем и транспорт се ограничува конкуренцијата меѓу економските оператори и дека тука е всушност причината заради која на тендерот имаше само една понуда.

Тоа значи дека ако на заинтересираните компании им беше дадена можност да дадат понуда за само една од ставките а не за сите заедно ќе имаше повеќе понуди и ќе се постигнеше подобра конкуренција.”

Решението на Комисијата е конечно и Министерството за здравство мора да постапи по него.

Единствената понуда на тедерот ја достави фирмата “АББОТ Гмбх Цо КГ” од Германија. Жалби поднесоа три компании “Д-р Пановски” – “Авицена” и “Адриамед” а Комисијата за жалби по јавни набавки ги прифати сите три.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...