Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект.

Објавил: Владо Марин | 25 мај, 2020 10:42

ФИЛИПЧЕ: Фотографиите од вчерашната прослава се загрижувачки- не се почитуваа апелите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека се загрижувачки фотографиите кои во текот на вчерашниот ден се појавија на социјалните мрежи, каде што се гледаат многу луѓе како празнуваат во верски храм.

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки.

И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи.

Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред се и над се, истакна министерот!

Им благодарам на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради оние коишто тоа не го прават.
Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат.

Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани.

Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките, вели Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.