Ова е најголемиот фудбалски стадион во Македонија чија изградба започнала уште во далечната 1947

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 март, 2019 14:28

„Филип Втори“ заминува во историјата- Грците побараа промена на името на арената

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По барање на Грците, согласно со Преспанскиот договор, и Националната арена Филип Втори во Скопје ќе биде преименувана. Инаку ова е најголемиот фудбалски стадион во Македонија чија изградба започнала уште во далечната 1947 година, со изградбата на јужната трибина.

Моменталниот максимален капацитет на арената изнесува над 33.000. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком. Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.

Ваквата одлука, за промена на името на стадионот била по бурните реакции на Грците откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, и во службениот извештај беше назначено името на стадионот  „Филип Втори“.

Преку Агенцијата за млади и спорт, владата издаде барање до сите спортски федерации да го изберат своето ново име, дали ќе се викаат федерација на Северна Македонија или пак Национална федерација.

До сега стадионот имаше две претходни имиња, Градски стадион и Телеком арена, а со новата промена во игра се неколку имиња, односно можно е да го носи името по нашата најголема ѕвезда која трагично загина во сообраќајна несреќа, потоа во игра е и името на некој од познатите фудбалери како Кирил Симоновски Џина“ или „Петар Милошевски“, но најголема е веројатноста дека ќе го добие името  „Национален стадион Скопје“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести