Мал број на потписи за независните кандидати

Објавил: Узунов Бобан | 8 март, 2019 11:47

Филип Петровски досега собрал само 1325 потписи !

Фото/Текст извор: ©магазин

Кандидатот за претседател на движењето „Македонија блокира“, Филип Петровски, до сега собрал 1.325 потписи, што е далеку од потребната бројка од 10.000 потписи за кандидатот да влезе во изборна кампања. 

Во 1997 година, како апсолвент на Филозофскиот факултет во Скопје, тој бил еден од водачите на студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје. Истовремено, до 2000 година бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.[5] Од 1997 до 2001 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај овие функции, во периодот од 1998 до 2001 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. 
Зад него се тројца кандидати кои имаат пријaвено листа во Државната изборна комисија. За генералот во пензија, Димче Петровски, до сега се потпишале 521 лице, за кандидатот Господин Поповски 23, додека Јосив Мирчевски има само 8 потписи, покажуваат најновите податоци на ДИК.

Рокот за собирање на потписи завршува утре. Партиските кандидати, кои веќе влегоа во трката, пак, успеаа да ги соберат потребните потписи во рок од неколку часа. Блерим Река има 11.693 потписи, Гордана Силјановска над 14.000, додека Стево Пендаровски, зад кој застанаа 31 партија од македонскиот и албанскиот политички блок, во рок од еден ден успеа да собере над 25.000 потписи. 

Трите клучни кандидати за претстојните претседателски избори кои сигурно влегуваат во трка се професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова како кандидат на колицијата на ВМРО-ДПМНЕ, професорот по надворешна политика и национален координатор на НАТО Стево Пендаровски како кандидат на СДСМ, ДУИ и владината коалиција и професорот по меѓународно право Блерим Река како кандидат за БЕСА и Алијансата на Албанците. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.